АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАМОДА И УБАВИНАДИЗАЈНЉУБОВ И СЕКСЗДРАВЈЕПАТУВАЊЕКУЛИНАРСТВО
Самсунг на престижниот саем на часовници и накит – "Baselworld 2017"
23.03.2017 | 14:21
Извор: Точка
Прочитано: 1284 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Поврзувајќи го традиционалниот швајцарски дизајн и иновативната технологија, Самсунг и понатаму на водечката позиција во категоријата паметни часовници..

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) оваа година има чест и привилегија да биде дел од саемот “Baselworld 2017“ и со претставувањето на своето портфолио Gear паметни часовници да го премине јазот помеѓу високата технологија и наследеното знаење за швајцарската изработка на часовници.


Заедно со палетата на Gear паметни часовници, на саемот ќе бидат изложени и специјално дизајнираните ременчиња за часовници, дополнителните варијации на боја за Gear S3, како и новите идејни концепти. Инспириран од уметноста на правењето часовници, Gear S3 е комбинација од прецизните детали и елементите од врвен дизајн што може да се воочат на традиционалните часовници, како и технолошките иновации карактеристични за паметните часовници. Овој уред овозможува и голем број предности за корисниците, меѓу кои и отпорност на вода, вградени звучници за влезни повици, гласовни пораки и пуштање музика преку интернет, како и независен GPS со кој се следат спортските активности. Gear S3 е дизајниран за да се вклопи во секоја колекција на часовници, а се темели на традицијата на луксузни безвременски парчиња кои ќе бидат прикажани на саемот “Baselworld“.


“Рачниот часовник за нас претставува многу повеќе од едноставен алат за мерење на времето. Тој допринесува за личниот стил и е одраз на интересирањата. Gear S3 е приказ на ново ниво на едноставна употреба, стил и иновација, во комбинација со континуирана посветеност на квалитетната изработка. Gear S3 е повеќе од паметен часовник. Тој е рачен часовник кој во категоријата паметни часовници е приказ за безвременски дизајн, изработен за љубителите на часовници, како и за љубителите на технологијата.” – изјави Јунги Ли (Younghee Lee), Извршен Потпретседател за Глобален Маркетинг, Дивизија за мобилна комуникација, Самсунг Електроникс.


Дизајнерот на луксузни часовници од Швајцарија, Иван Арпа (Yvan Arpa), ќе се приклучи на Самсунг на саемот “Baselworld“ за да ги прикаже трите идејни дизајни на рачни часовници кои се засноваат на моделот Gear S3. Арпа ќе го претстави часовникот кој во прв миг наликува на Gear S3, но всушност е традиционален рачен часовник со механизам и детали произведени во Швајцарија. Исто така, ќе го претстави и часовникот кој претставува нов пристап кон Gear S3 моделот, со завршни елементи подигнати на едно повисоко ниво, како и концепт на Gear S3 во облик на џебен часовник.

“Присуството на Самсунг на саемот ‘Baselworld’ прикажува како светот на технологијата и хорологијата е во констатен развиток. Самсунг е посветен на овозможување на квалитетна изработка на сите нивни производи со кои се отсликува наследството и еволуцијата на индустријата на часовниците.” – изјави дизајнерот на часовници, Иван Арпа


На саемот “Baselworld“, Самсунг исто така ќе го претстави својот промотивен пакет – “Value Pack“ за Gear S2 и S3. Овој пакет за ажурирање е со повеќе содржини и овозможува корисниците да завршат повеќе задачи преку партнерските апликации од врвни брендови како Spotify и NEST. Покрај тоа, напреднати се и функциите како апликацииите за мерење на надморска височина и воздушен притисок, потсетникот и “S Health“ апликацијата за следење на здравјето.

Откако премиерно го претстави својот прв уред за носење во 2013 година, Самсунг ја држи лидерската позиција во оваа индустрија и продолжува да ги поместува границите, проширувајќи ја својата палета со голем број на различни иновативни решенија кои се спој на технологијата, услугите и едноставната употреба. Исто така, Самсунг нуди и дополнителни дизајни на циферблејтот и ременчињата за Gear S3 и Gear S3, овозможувајќи им на корисниците едноставно и модерно прилагодување на нивните паметни часовници на животниот стил и нивните дневни активности.


За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd

Samsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и сѐ ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал „Samsung Newsroom”

НАЈНОВО ОД ДИЗАЈН  
МАКЕДОНИЈА
Енергетска ефикасност – приказна или реалност
Енергетската ефикасност во последно време е многу експлоатирана тема и како убава приказна ни се продава на секој чекор, но дали реално ги чувствуваме благодетите врз нашиот џеб и нашето здравје? Дали навистина го добиваме тоа за што сме платиле?
22.03.2017, 14:03


ДИЗАЈН
Позабавно чекање на шалтер во општинска зграда во Холандија
Чекањето на шалтер во државни и општински институции честопати фрла во очај. Делумно поради процедурите, делумно поради монотониот и здодевен ентериер во овие објекти. Интересна отстапка од ова е новата општинска зграда во холандскиот град Кортријк, проектирана од холандските архитекти „Cnockaert Architecture“.
21.03.2017, 16:42


Дизајн
Термостоп термоизолација - За топли простории во зима, а ладни во лето. За заштеда на енергија и до 50%
Екстремно ниските температури во зима а високи во лето, се повеќе ја наметнуваат потребата од енергетско ефикасни домови.
21.03.2017, 14:21


ДИЗАЈН
Дрвени фасади нов квалитет и естетика во градежништвото
Вообичаено кога ќе се спомне монтажна дрвена куќа, се помислува на нешто привремено, викендичка, летниковец, на објект од привремен карактер. Но искуствата од развиените западни земји го велат спротивното!
16.03.2017, 11:12


ДИЗАЈН
Архитектонска конструкција оживува мал плоштад во Мексико
Спонтаното дружење на отворени јавни простори е можеби еден од најубавите елементи на живеењето во големи градови. Студиото за урбан развој „Lugares Publicos A.C.“ го искористи овој момент и проектираше едноставна архитектонска конструкција за отворен плоштад која поттикнува поголема интеракција меѓу граѓаните и градот.
15.03.2017, 16:49

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Без Фотошоп и филтери: Облекла танга костим за капење и гордо ја покажала својата „плус сајз“ позадина
Откако направи вистинска револуција во модната индустрија во улога на „плус сајз“ манекенка, Ешли Гр...
РАЗЛИЧЕН ИЗГЛЕД
Пријателство кое „боде очи“: „Што им е грижа на другите луѓе што ние две се дружиме?“
ЗДРАВЈЕ
Го забрзува метаболизмот: Ова е пијалокот поради кој Опра Винфри се преполови
ПАТУВАЊЕ
Рецепт за среќа: Корупцијата е премногу ретка, образованието е бесплатно, а просечен животен век е 80 години
МАКЕДОНИЈА
Енергетска ефикасност – приказна или реалност

ВИДЕО ВЕСТИ

На девојката со најголемата циста на светот ѝ беше отстранет тумор тежок неверојатни 31 килограми!
Предупредување: графички слики. Скенирањата откриле дека туморот и пораснал неверојатни 31 килограми за помалку од една година, оставајќи ја 24-годишната неименувана девојка од Мексико со ризик по нејзиниот живот
СКОПЈЕ
Познатиот француски готвач Оливер Бепмал во Македонија
ПАТУВАЊЕ
Хотелот на иднината е тука: Во пловечката капсула со само една соба удобно се сместуваат 4 лица!
МОДА И УБАВИНА
Првата Мис-Европа била Југословенка: Мажите воздивнувале по неа, а таа им носела само несреќа

ФОТО  
Зошто жените живеат подолго од мажите?

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: