АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Николина Славковска: Јас не го избирам животот, туку тој ме одбира мене!
23.02.2017 | 11:00
Извор: Точка
Прочитано: 4517 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Доколку не ја препознавате по гласот кој нè будеше на фреквенциите на Студентското радио, тогаш сигурно Ви е позната насмевката на оваа девојка. Николина Славковска – успешна новинарка која е дел од тимот на естрадниот магазин Backstage, но и личност со многу пасии во животот. Повеќе за динамичната девојка која успева да измами насмевка на нашите лица, дознајте подолу во интервјуто за Точка:

Која е Николина Славковска?

Николина: Човек со многу идеи и лице со широка насмевка.


По новинарската диплома, наскоро ќе магистрираш и по насоката Медиуми и комуникација. Како се заљуби во оваа професија?

Николина: Никогаш не сум се замислувала пред камера во оваа улога, но ете се случи. Дефинитивно во право се некои личности кога ќе ми кажат „јас не го избирам животот, туку тој ме одбира мене“, така што кога сега ми доаѓа да кажам дека е случајна љубов, сепак си влече свои корени. Всушност, јас отсекогаш сум била пред камерата и тоа почнувајќи со детската емисија „Сител бамбини“. Па, некако од неодлучност и прашалници „што поточно сакам во животов“, дојдов до констатација на целосната сигурност „ова сум јас“.

Самата динамичност, креативност, возбудливост, невозможното да прерасне во возможно, непредвидливоста, да прошеташ и видиш, да запознаеш нови лица и приказни, привилегијата да ја дознаеш прв информацијата, ведрината и смеата е сè што мене ме карактеризира како личност, па така и самата професија.

Пробај стави ме во четири ѕида да работам и знај дека веќе комплетно си ме убил (хаха).

Луѓето те препознаваат како дел од тимот на “Backstage”, но и гласот кој изутрина нè будеше на фреквенциите на Студентското радио. Кога би требала да одбереш, што би бил твојот избор – телевизијата или радиото како медиум?

Николина: Колку само звучи интересно да се постави истото прашање, но само во игра на различен временски период. Кога ќе се вратам едно 4-5 години назад, на ова прашање ќе одговорев со сигурен одговор дека тоа е радиото. Пред 2 години ќе одговорев дека телевизијата е вистинската работа за мене, а сега поинаку гледам на сè околу себе. Многу работи зависат, не е само љубовта во прашање. Да, мене прва љубов ми беше радиото, но тука се во игра многу почувствителни теми.

Самите услови, самото опкружување, дали чувствуваш дека треба да одиш чекор напред, треба ли да се надоградуваш или се задоволуваш само со тоа. Навлегов подлабоко на оваа тема, но ќе речам дека сè зависи како се чувствуваш во овој момент. Ако порано сум разликувала радио или телевизија, сега поделбата се сведува на среќа или незадоволство.

Кое интервју ти е најдраго, а кое најтешко?

Николина: Мислам дека ова го имам кажано во многу наврати. Досега најдраго интервју ми било со мотиваторот и светски познатиот говорник Ник Вујичиќ.
Ретко кој може да допре до мене, но тој беше еден од нив. Многу сум благодарна на тој момент и посакувам барем еднаш во животот на секој од вас да му се случи момент како на мене со Ник и ќе сфати во потполност за што зборувам. Додека за најтешко интервју... Хм, не сакам да навредам никого, но најтешко ми е да работам со оние личности од кои не можам да извлечам ни збор.

За некои звучи смешно, но за нас новинарите е малку мачно да се судираме со ликови кои немаат што многу да нѝ кажат, а сепак да сме приморани да објавуваме работи за нив и да ги претставуваме пред широката јавност како сосема друга појава од она што навистина се, па и поведени од тоа каква сеирџиска нација сме... Тоа е според мене, најтешката задача.


Неостварена желба за интервју ти е со:

Николина: Листата е голема, а и јас мислам дека сум сè уште млада за поимот „неостварена“ желба (хаха). На почеток сум во овие води, така што нема многу да Ви откривам. За мене е познато дека сè што ќе замислам, цврсто стојам зад тоа и го остварувам, па и да знам дека ме чека долг и трнлив пат до посакуваната цел. Едноставно, ако зацртам дека на одреден лик ќе му одземам неколку минути од времето за интервју, тоа и ќе се случи.

Покрај новинарството, се бавиш и со фотографија. Каква порака пренесуваат твоите дела?

Николина: Слобода. Тоа е клучниот збор. Ако некој може да го види мојот Инстаграм профил (@ninnared) ќе забележи повеќе фотографии каде фокусот е на морињата, езерата и птиците. Тоа е дефиницијата на мојата слобода.



Морињата и езерата за мене се прoчистување на духот и мирот, а птиците бесконечност. Јас во повеќето случаи се чувствувам како птица, само што некогаш крилјата ми ги крати општеството кое за жал нѝ е малку затворено во својата конфорна зона, па на моменти го чувствувам затворот, но многу набргу знам да ѝ се враќам на својата слобода. Впрочем, таа е мојот дом и моето сè.


Уште една пасија без која не можеш во животот ти е и хип-хоп танцот. Зошто токму хип-хоп?

Николина: Па и не само хип хопот. Јас обожавам сè што е поврзано со танцот. Едноставно не можам, а да не поместам барем малку колкови на некоја забава (хаха). Започнав да танцувам со хип хоп часови, настапував тука и надвор од државата и е одлично искуство. Но, воопшто музиката и јас сме во бесконечно партнерство и никој не може да нè раздели.

На телевизија сме те забележале во елегантни, но и кежуал варијанти. Во кој стил на облекување се чувствуваш најудобно?

Николина: Патика, дукс, тренерки е вистинска варијанта за мене (хаха). На камера сум претставителна за одредени настани, за некои сум пак, онаа Нина што ја познаваат.

Удобно не можам да се чувствувам кога стојам на штикли по повеќе од 4 саати, со шминка, фризура и притоа да сум насмеана и сконцентрирана, така што телевизијата си го бара своето. Тоа ми е работа, па се трудиме да изгледаме најдобро што можеме. Посебно кога знаеме дека македонската јавност има мислење за сè (хаха).


Веќе година и 5 месеци си вегетаријанка. Како дојде до оваа животна промена?

Николина: Не е некоја драстична промена, зашто јас не ја ни чувствувам. Можеби луѓето околу мене така го доживуваат вегетаријанството, но јас и онака многу месо не јадев, па и не почувствував некој недостаток. Промената си дојде сама по себе.

Гледав документарци и тогаш наидов на еден таков кој објаснуваше подетално за самиот пат на животните кои треба да дојдат сервирани на вашата трпеза. Признавам дека се разочарав и тешко ми беше да поверувам што сè се случува во светов. Истражував наоколу и дознав работи за кои претходно не сум ни размислувала. Ги сакам животните и тие ќе бидат единствената причина зошто преминав во вегетаријанец.

Што те прави среќна?

Николина: Ми требаше многу време за да ја сфатам суштината на овој мал збор среќа, но конечно ја живеам. Среќна ме прават мали работи. Кратка порака наутро знае да ме развесели, некој да се понуди за помош навистина ми значи, кога ќе погледнам дека сè уште постои вистинска љубов од среќа се расплакувам, кога најблиските ги исполнуваат своите цели и се успешни, среќна сум кога ќе видам дека сè уште постои добрината и човечноста меѓу луѓето, добра музика, некој да те изненади со храна, многу хумор, позитивни умови.

Има навистина многу, но тоа се ситни работи на кои секој од нас треба да им придава голема вредност, затоа што само тоа останува со нас, а не материјалната бајка.


Кога би можела да одбереш, која би била твојата супер-моќ?

Николина: Нешто што и Тоше знаеше да каже, а јас во потполност се согласувам со него. Посакувам на еден ден да имам супер моќ и да направам да исчезне сета омраза која постои меѓу луѓето и на тоа место да засадам многу, многу, многу љубов. Тоа е дијагноза која на сите ни треба во огромна доза.

Што најмногу те вади од кожа?

Николина: Неправда и лицемерие. Повеќе не би сакала да коментирам зашто ќе се вознемирам, а таква енергија не ми е потребна. Крај на приказната.

Кој е според тебе, патот до успехот?

Николина: (Хаха) Сега зависно кој што подразбира под поимот успех. Дискутабилно прашање, но од моја перспектива да можам сега да земам лист хартија и да Ви нацртам како тоа би изгледало, сигурно ќе се изгубите. Немам некоја конкретна формула за успех, но знам дека колку повеќе давате од себе на животот, светот и универзумот, толку повеќе ќе Ви се враќа.

Ако сте искрени, позитивни, упорни во своите цели, сигурно ќе успеете во животот. Но, ако секојдневно седите пред компјутерот и го облевате интернетот со омраза нема многу далеку да стигнете. Затоа и рекле „Не го мразете она што не можете да го разберете“. Фокусот кон вашите животи, а не поглед низ други дворови.


Каде се гледаш себеси за 5 години?

Николина: Па се надевам дека ќе постигнам нешто повеќе на професионално ниво и дека ова интервју нема да го правиме повеќе во Скопје, туку со локација надвор од границите на Македонија.


НАЈЧИТАНИ  



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: