АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Интервју со Јована Аврамовска од Фчерашни Новости: Очекувајте надградена и подобрена верзија!
16.11.2016 | 10:30
Извор: Точка
Прочитано: 10374 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

После 3 месеци од крајот на првата сезона на Фчерашни Новости, овој викенд стартува и нова, втора сезона од ова популарно шоу. На оваа тема, за тоа што сè може да очекуваме, овојпат разговараме со Јована Аврамовска од тимот на Фчерашни.

Зошто толку чекавте за втора сезона?

Јована: Не чекавме долго. Поминаа само околу 3 месеци од крајот на првата сезона. Ама штом на вас ви се чини долго, значи дека сме ви недостасувале. Инаку, овие три-четири месеци работевме на тоа емисијата да ја дотераме, да ја освежиме со нови идеи, нови ликови. Да биде достојна на првата и нејзина надградена и подобрена верзија. И така, во недела после вестите во 18:30 почнуваме. Со сигурност тврдам дека сега ја имаме добитната комбинација.


Какви беа реакциите на гледачите по првата?

Јована: Анкетите велат дека убедливо водиме... Релевантни агенции за истражување на јавното мислење направија истражувања кои покажуваат дека не само гледаноста, туку и реакциите на јавноста се позитивни. Како кај домашната, така и кај странската јавност.

Како мислите странската јавност?

Јована: Имаме инсајдерски информации дека одредена група припадници на македонската дијаспора во Словенија се собирала секоја недела со цел да ја проследи најновата епизода. Ја користам оваа прилика да упатам срдечен поздрав до гледачите од сите европски метрополи и помали места, како и до нашите пријатели и колеги од Австралија.

Наша Јована 😍 #fcerasni

A photo posted by Фчерашни Новости (@fcerasninovosti) on


Твоето образование не е директно поврзано со она што сега го работиш. Ти по струка си економист на оддел Е-Бизнис, како се снаоѓаш со медиумите, односно со Фчерашни?

Јована: Со оглед на тоа што во медиумите на некој начин сум присутна веќе 4 години, може да се каже дека сум завршила своевиден факултет. Екипата на Фчерашни располага со неколку исклучително успешни професионалци во оваа област, кои со задоволство го споделуваат своето знаење со нас помладите кадри.

Како оди соработката со Петар? Дали веќе имате проби за новата сезона?

Јована: Може да се каже дека сме компатибилни како соработници. Имаме перфектна работна атмосфера. Веќе е во процес изработката на најновата епизода. Од она што веќе го снимивме, убедена сум дека ќе ги оправдаме очекувањата на гледачите.

9Gag и кокошката од Фчерашни, што беше тоа?

Јована: Воодушевени сме од успехот на тој извадок од нашата емисија на еден од најпосетените и највлијателни хумористични сајтови во светот. На 9Gag објавата со кокошката Убавка Селска, постигна извонреден успех. Истиот сегмент подоцна беше превземен од многу други релевантни медиуми.

Едно лично прашање, каде излегува Јована овие денови? Како одбираш каде ќе го поминеш слободното време за дружење?

Јована: Со оглед на брзото темпо со кое се соочува секој млад човек во денешницата, слободното време е своевиден луксуз. Јас како индивидуа се трудам моето слободно време да им го посветам на моите најблиски и најрелевантни личности. Дел од нив секако се моите пријатели, како и моето потесно и пошироко семејство. Со оглед на актуелната понуда на места за излегување, во нашата метропола, секогаш ги одбирам оние најмонденските, со најпријатна атмосфера. Секако важно е моите расходи по основ тоа излегување, да не се поголеми од моите месечни приходи

Кога Фчерашни?

Фчерашни во Недела. Во 19:10 на Телма. Добра вечер!

НАЈНОВО ОД ШОУ БИЗНИС  
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Сашо Димоски: Од аспект на уметничка провокација, Ана Комнена е мојот женски Хамлет
За жал со Сашо не успеавме да се сретнеме во Скопје, голем дел од времето сега го поминува во Велес, но среќа, се имаме сретнато безброј пати претходно па оваа празнина од последното (не)гледање можеше лесно да биде пополнета.
06.12.2016, 12:18


ИНТЕРВЈУ
Интервју со Жаре, Мешевски и Спасе: Викендов започнува Еден на Еден сезона 8
Прочитајте го интервјуто со Жаре, Мешевски и Спасе, коишто се дел од најгледаното македонско ток-шоу Еден на Еден, а чија осма сезона ќе стартува токму претстојниов викенд.
08.11.2016, 09:50


ИНТЕРВЈУ
Никола Перевски-Пере од "Нокаут": Љубовта е најсилната инспирација за еден уметник
Македонската музичка атракција Нокаут ова лето нè изненади со нов спот, наречен "Trip- Патување" сниман на локации во Барселона и нејзината околина како и во Грција, на кој музиката е на Никола Перевски-Пере, аранжманот на Дарко Димитров, додека текстот е напишан од Александар Ристевски-Принц.
21.09.2016, 10:13


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Марјана Станојковска: Секси танцот кај Жаре беше мој предлог!
Една од најубавите македонки која секогаш зрачи со својата убавина, сексипил, шармантност! Во ова интервју може да прочитате каде се може да ја сретнете Марјана во текот на летото, а можеби и да ја подружите на по едно пиво!
14.07.2016, 11:14


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ања Ветерова: Сакам светска кариера и напорно работам за да успеам!
Ни една радио станица без нејзиниот хит “Без тебе” не поминува ниту еден ден! Малата слатка девојка Ања Ветерова која многумина ја паметат од дуетот со Паркети - Јас те сакам тебе... Но, таа мала девојка е веќе порасната, па овој пат ви ја преставуваме како една млада дама којашто многу добро знае што сака и знае како да го добие тоа!
23.06.2016, 10:58

НАЈЧИТАНИ  



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: