АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Ситуацијата сè понапната: Пристигнуваат тенкови и топови, ова е најголемиот десант после Студената војна
24.03.2017 | 16:04
Извор: Точка
Прочитано: 1389 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Голем број на британски војници, тенкови, артилериска опрема и останато вооружување започна да пристигнува во Естонија.


Британскиот министер за одбрана Мајкл Фелон операцијата ја опиша како „најголемото преместување во источна Европа од крајот на Студената војна“.

Првите од стотиците британски воени возила пристигнаа во Естонија уште во средата. Тие се превезувани во оваа Балтичка земја од пристаништата од Велика Британија и Германија, соопштија од британското министерство за одбрана.

Тешката воена опрема, како што се тенковите "Challenger 2" и останатите оклопни возила како што се "Terrier", "Titan" и "Trojan", борбени пешадиски возила од типот "Warrior", веќе пристигнуваат во Естонија.



Новото вооружување ќе ја зголеми британската воена присутност во источна Европа. Истакнувајќи дека станува збор за најголемиот воен десант од крајот на Студената војна, британскиот министер за одбрана додаде дека до крајот на април покрај руската граница во Естонија ќе бидат распоредени над 800 британски војници со тенкови.

Од НАТО Алијансата го оправдуваат распоредувањето на војници и тешка воена опрема во Балтичките земји и Полска, со тврдењето дека војниците се тука да одвратат евентуална руска агресија каква што имаше во Украина. Според НАТО, логично е дека земјите членки на Алијансата од источна Европа стравуваат за своите граници поради агресивните постапки на Русија во минатото.


Американските, француските и германските трупи се веќе стационирани во Естонија во рамките на меѓународните баталјони на НАТО Алијансата. До крајот на месецот, во базите Тапи и Амари ќе се наоѓаат околу 1650 војници. Базата Амари исто така ќе служи и како воздухопловна база за воздушните сили на НАТО предводени од Германија.

Натрупувањето на воени сили во близина на руските западни граници е дел од операцијата на НАТО Алијансата во чии што рамки на Балтикот ќе бидат преместени вкупно четири меѓународни баталјони, а тоа беше договорено меѓу земјите членки на најмоќниот воен сојуз на светот уште минатата година.


Секако, од официјална Москва ваквата одлука на НАТО Алијансата жестоко ја критикуваат и предупредуваат дека јакнењето на сојузничката воена присутност во Естонија, Летонија и Литванија ќе ја поткопа безбедносната рамнотежа на Стариот континент.

НАЈНОВО ОД СВЕТ  
ЛОНДОН
Фотографија која предизвикала бура: По нападите во Лондон, социјалните мрежи пишуваат за една жена
Една фотографија, снимена непосредно по терористичкиот напад во Лондон, кој се случил во средата на Вестминстерскиот мост во близина на британскиот парламент, предизвикала лавина реакции.
24.03.2017, 16:13


ШВЕДСКА
Швеѓаните се подготвуваат за нуклеарна војна?
Шведските власти наредиле да бидат подготвени стотици бункери ширум земјата, наводно, поради стравување од избивање на нуклеарна војна со Русија, пренесува британски "Independent".
24.03.2017, 15:11


РУСИЈА
Тој е главен економски стратег на Русија: Единствено овој човек може да му каже сè на Путин!
Герман Оскарович Греф, еден од водечките либерали на Кремљ и заговорник за "тотална пазарна економија" е шеф на Управата на најмоќната руска државна банка "Сбербанк" во која државата има 52 проценти сопственост од есен 2007. година.
24.03.2017, 14:58


ГЕРМАНИЈА
Сé поголемата нееднаквост во Германија ѝ се заканува на општествената кохезија
Сé подлабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните во Германија би можело да ја загрози кохезијата на општеството во најголемата европска економија и најнаселената европска држава, се заклучува во најновиот извештај на германската влада.
24.03.2017, 14:41


САД
Трамп се брани како петгодишно дете: "Јас сум претседател, а вие не сте!"
Новинарот на CNN - Дејвид Врајт, пишуваше во неодамнешниот текст за аргументите со кои претседателот на Америка, Доналд Трамп, ги оправдува своите невредостојни тврдења за тоа како администрацијата на Обама го прислушкувала.
24.03.2017, 14:24

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Тепачка меѓу двајца скопски газди, едниот тешко ранет
Едно лице со тешки повреди заврши на Ургентен, а друго е приведено во полициската станица во Центар ...
СКОПЈЕ
СДСМ најави: Од јуни нема веќе екстерно
РУСИЈА
Тој е главен економски стратег на Русија: Единствено овој човек може да му каже сè на Путин!
ЛОНДОН
Фотографија која предизвикала бура: По нападите во Лондон, социјалните мрежи пишуваат за една жена
БАЛКАН
Жан Клод Јункер со страшно предупредување: Ако пропадне Европската унија, ќе има нова војна на Западен Балкан

ВИДЕО ВЕСТИ

СДСМ најави: Од јуни нема веќе екстерно
Новата Влада ќе ги врати и ќе ги почитува автономијата и достоинството на универзитетите
ШВЕДСКА
Швеѓаните се подготвуваат за нуклеарна војна?
ИТАЛИЈА
Уапсен е најбараниот мафијаш во Европа: Се криел во „дупка" во своето родно место
ИНДИЈА
Бесен политичар со сандала тепал стјуард: Нека се жали каде сака, беше арогантен и заслужи

ФОТО  
Оскаровската афтер-парти на Vanity Fair 2017 резултираше со портрети на славните од Mark Seliger

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: