АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Швеѓаните се подготвуваат за нуклеарна војна?
24.03.2017 | 15:11
Извор: Точка
Прочитано: 1144 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Шведските власти наредиле да бидат подготвени стотици бункери ширум земјата, наводно, поради стравување од избивање на нуклеарна војна со Русија, пренесува британски "Independent".


Зошто Швеѓаните би стравувале дека може да се случи такво нешто? Локалните медиуми пишуваат, а британски "Independent" пренесува дека тамошните власти наредиле над 350 бункери наменети за засолнување на народот да бидат подготвени во случај на избивање на нуклеарна војна.

Оваа одлука наводно била донесена откако шведските безбедносни структури предупредиле дека „постои реална и сериозна закана за безбедноста на земјата“, пренесува британски "Independent".

Иако претставниците на шведските власти не ја споменале експлицитно Русија, се верува дека ваквата мерка е резултат на зголемената напнатост во тој регион од Европа. Швеѓаните поради тоа одлучиле бункерите кои што се наоѓаат на островот Готланд во Балтичкото море да бидат подготвени, за секој случај.


Бункерите се дизајнирани да примат поголем број на луѓе и да ги заштитат од „шок бранови“ и радијација во случај на нуклеарна војна, но и во случај на напад со хемиско и биолошко оружје.

Во бункерите можело да бидат сместени над 35 илјади луѓе, иако само на островот Готланд живеат околу 60 илјади Швеѓани. Инаку, бункерите кои што сега се реновираат биле изградени во времето на Студената војна.

Шведска, земја која што не е членка на НАТО Алијансата, позната е по одбранбеното засолниште наречено „Пионен“ кое што е сместено во „утробата“ на „Вит Берг“ (Белата планина), а во поново време таму е сместен интернет провајдерот „Банхоф“. Токму тука беа стационирани и серверите на Викиликс.

Имено, постоеле повеќе вакви центри во Шведска, од кои што еден се наоѓал во главниот град Стокхолм.



Покрај тоа, централните власти во шведската престолнина им наложиле на локалните власти во меѓувреме да биде подготвена инфраструктурата за цивилна одбрана и да се однесуваат според процедурите кои што се карактеристични во случај на војна. Во тој контекст повторно бил „прочешлан“ воениот план, како за мажите, така и за жените, со оглед на зголемените воени активности во балтичкиот регион.

НАЈНОВО ОД СВЕТ  
ЛОНДОН
Фотографија која предизвикала бура: По нападите во Лондон, социјалните мрежи пишуваат за една жена
Една фотографија, снимена непосредно по терористичкиот напад во Лондон, кој се случил во средата на Вестминстерскиот мост во близина на британскиот парламент, предизвикала лавина реакции.
24.03.2017, 16:13


ЕВРОПА
Ситуацијата сè понапната: Пристигнуваат тенкови и топови, ова е најголемиот десант после Студената војна
Голем број на британски војници, тенкови, артилериска опрема и останато вооружување започна да пристигнува во Естонија.
24.03.2017, 16:04


РУСИЈА
Тој е главен економски стратег на Русија: Единствено овој човек може да му каже сè на Путин!
Герман Оскарович Греф, еден од водечките либерали на Кремљ и заговорник за "тотална пазарна економија" е шеф на Управата на најмоќната руска државна банка "Сбербанк" во која државата има 52 проценти сопственост од есен 2007. година.
24.03.2017, 14:58


ГЕРМАНИЈА
Сé поголемата нееднаквост во Германија ѝ се заканува на општествената кохезија
Сé подлабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните во Германија би можело да ја загрози кохезијата на општеството во најголемата европска економија и најнаселената европска држава, се заклучува во најновиот извештај на германската влада.
24.03.2017, 14:41


САД
Трамп се брани како петгодишно дете: "Јас сум претседател, а вие не сте!"
Новинарот на CNN - Дејвид Врајт, пишуваше во неодамнешниот текст за аргументите со кои претседателот на Америка, Доналд Трамп, ги оправдува своите невредостојни тврдења за тоа како администрацијата на Обама го прислушкувала.
24.03.2017, 14:24

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Тепачка меѓу двајца скопски газди, едниот тешко ранет
Едно лице со тешки повреди заврши на Ургентен, а друго е приведено во полициската станица во Центар ...
СКОПЈЕ
СДСМ најави: Од јуни нема веќе екстерно
РУСИЈА
Тој е главен економски стратег на Русија: Единствено овој човек може да му каже сè на Путин!
ЛОНДОН
Фотографија која предизвикала бура: По нападите во Лондон, социјалните мрежи пишуваат за една жена
БАЛКАН
Жан Клод Јункер со страшно предупредување: Ако пропадне Европската унија, ќе има нова војна на Западен Балкан

ВИДЕО ВЕСТИ

СДСМ најави: Од јуни нема веќе екстерно
Новата Влада ќе ги врати и ќе ги почитува автономијата и достоинството на универзитетите
ШВЕДСКА
Швеѓаните се подготвуваат за нуклеарна војна?
ИТАЛИЈА
Уапсен е најбараниот мафијаш во Европа: Се криел во „дупка" во своето родно место
ИНДИЈА
Бесен политичар со сандала тепал стјуард: Нека се жали каде сака, беше арогантен и заслужи

ФОТО  
Оскаровската афтер-парти на Vanity Fair 2017 резултираше со портрети на славните од Mark Seliger

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: